Monday, December 10, 2012

Фетел и Раиконен против правилата

     Себастиан Фетел и Кими Раиконен ги прекршиле правилата во Турција на гала вечерта организирана од ФИА за доделување на наградите од светскиот Формула 1 шампионат.
      Себастиан Фетел за малку ќе закаснел на свечената церемонија поради доаѓањето без својот пасош. Морал да чека цел час на аеродром се до интервенцијата на Турската моторспорт федерација да биде пропуштен со заменет документ.
     Од друга страна Кими Раиконен кој изјави дека „за жал“ морал да присуствува на гала вечерта поради завршувањето на шампионатот на третото место целата ситуација ја зачинил со присуството во костим но без вратоврска. На сето тоа додал: „Јас не ги следам правилата, Јас ги правам правилата“.

Sebastian Vettel и Christian Horner
Kimi Raikonnen

0 коментари:

Post a Comment