Sunday, December 16, 2012

Уште една маѓија на Математиката

Еве како да одредите во кој ден се паѓа одреден датум!

Јануари има 31 ден. Тоа значи дека секој ден во Февруари ќе биде 3 дена покасно од истото дато во Јануари. Наредната листа е пополнета со пресметка на овој начин. Листата ќе ти помогне во пресметувањето.

Јануари
0
Февруари
3
Март
3
Април
6
Мај
1
Јуни
4
Јули
6
Август
2
Септември
5
Октомври
0
Ноември
3
Декември
5

Еве еден пример:
Чекор 1: Да пресметаме во кој ден се паѓа 17 Мај 1998 година
Чекор 2: Бројот во табелата за месец Мај е 1
Чекор 3: Да го земеме датото од месецот, а тоа е 17
Чекор 4: Да ги земеме последните две цифри од годината, а тие се 98
Чекор 5: Подели го бројот од четвртиот чекор со 4, а тоа е 24 (Запиши го само целиот дел)
Чекор 6: Сега собери ги сите 4 броеви: 1+17+98+24=140
Чекор 7: Подели го 140 со 7, а тоа е 20 и остаток 0
Остатокот е бараниот ден, кој треба да се види во листата подоле

Недела
0
Понеделник
1
Вторник
2
Среда
3
Четврток
4
Петок
5
Сабота
6

0 коментари:

Post a Comment