1. Планинар проценил дека оддалеченоста помеѓу две планински куќи е 1,5 часа одење. Дали со тоа го проценил растојанието помеѓу куќите или го претпоставил времето за пешачење, за врз основа на него да го одреди растојанието?
2. Атлетичар истрчал три круга по атлетска патека на стадион. првиот круг го истрчал за 54 s, вториот за 1 min, а третиот за 56,4 s. За колку време, изразено во s, ги истрчал трите круга? Колкаво е просечното време за еден круг?
3. Дадените бројни вредности за должина претвори ги (искажи ги ) во метри: 84,4 cm; 0,8 dm; 0,17 km; 6,2 dm; 90 mm.
4. Колкава плоштина може да се поплочи со 1 000 еднакви правоаголни плочки со димензии 20 cm и 15 cm?
5. Со винова лоза е засадена плоштина од 875 ари. Определи ја површината во квадратни метри и во хектари.
6. Керамичка плочка има форма на квадрат чија страна е 15 cm. Колку плочки се потребни за да се покрие ѕид со должина 4,5 m и висина 90 cm? Колку плочки ќе има во еден хоризонтален ред, а колку во еден вертикален ред?
7. Колку литри има во еден кубен дециметар?
8. Определи го волуменот на шипка со должина 1m и напречен пресек од 50,24 метри квадратни и изрази го болуменот во метри кубни и центиметри кубни.
Од неисправна славина на секои 3 секунди капнува по една капка вода. По колку време ќе искапат 3 000 капки? Колкава е масата на сите капки ако масата на една капка е 0,4 g? Претпоставете дека масите на сите капки се еднакви.
9. Кога на едниот тас од тересијата ќе се стави метално топче, а на другиот тас тегови од 5 g и 1 g, терезијата не е во рамнотежа. Ако на тасот со метално топче се додаде тег од 100 mg, терезијата е во рамнотежа. Колкава е масата на металното топче?
10. Колкава е густината на парче мраз со волумен 0,4 метри кубни и маса 360 kg?
11. Колку бетон е потребно за еден мост ако неговиот волумен е 4,5 метри кубни, а густината на бетонот е 2200 kg/метар кубен?
12. Колку бетон е потребно за еден мост ако неговиот волумен е 4,5 метри кубни, а густината на бетонот е 2200 kg/метар кубен?
13. Масата на железен предмет изнесува 156 kg, а густината 7800 kg/метар кубен. Колкав е волуменот на железниот предмет?
14. Прозорско стакло има димензии: 1 m, 80 cm и 3 mm. Колкава е неговата маса ако густината на стаклото е 2 500 kg/метар кубен?
1. Колкаво растојание ќе измине воз за три минути ако неговата средна брзина е 80 km/h?
2. Колку време му е потребно на еден автомобил за да помине 160 km од еден до друг град ако неговата просечна брзина е 60 km/h?
3. Најди ја брзината на авионот што се движел рамномерно и за три часа изминал пат од 4 000 km.
4. Ако во бунар пуштимем камен, за колку време звукот ќе стигне до нас, ако бунарот е длабок 10 m?
5. Еден пешак изминал 6 километри за еден час. Колку изнесува неговата средна брзина изразена во km/h и m/s?
6. Патник што се наоѓа во воз што се движи рамномерно забележал како возот минува покрај километарски знак. По 30 s возот поминал покрај наредниот километарски знак. Со колкава брзина се движел возот изразена во km/h?
7. Автомобил се движи рамномерно забрзано со постојано забрзување a = 3 m/секунда на квадрат. Колкава е брзината на автомобилот по 4 s?
8. Колку пат ќе измине метална топка ако слободно паѓа 3 s?
9. Ракета 30 s по исфрлањето достигнала брзина ос 1,5 km/s. Колкаво е средното забрзување на ракетата?
10. Човекот што скокнал од чамец со брзина од 5 m/s го придвижил чамецот наназад со брзина од 0,5 m/s. Колку е поголема масата на чамецот од масата на човекот?
11. Колкава е силата, која на тело со маса од 6 kg му дава забрзување од 4 m/секунда на квадрат?
12. Автомобил со маса 800 kg се движи со брзина 60 km/h. Колкава е силата, ако движењето е рамномерно забрзано и траело 20 s?
13. Фудбалер ја удира топката со маса 800 g, која се движи со брзина 18 m/s. Да се најде силата со која е удрена топката, ако ударот траел 0,02 s.
14. Поаѓајќи од состојба на мирување автомобил со маса од 2 t за 10 s ќе измине пат од 100 m. Колкава е влечната сила на автомобилот?
15. Автомобил со маса 1 t се движи со брзина 100 km/h. Колкава сила за запирање треба да употреби за да може да застане: а) на оддалеченост од 80 m; б) после 20 s.
16. Кога на количка дејствува некоја сила, количката поминува пат од 40 cm без почетна брзина. Ако на количката се стави тег со маса од 200 g, при дејствување на иста сила, количката за исто време ќе помине 20 cm без почетна брзина. Колкава е масата на количката?
17. Локомотива со маса од 20 t тргнува од почетна станица со забрзување од a = 0,1 m/секунда на квадрат. После колку време, локомотивата ќе постигне брзина од 15 m/s, колкаво растојание при тоа ќе измине и колкава е влечната сила F на локомотивата?
18. Колкава е тежината на тело со маса од 65 kg, 600 kg, 5 t?
19. Со колкава сила треба да се влече дете по хоризонтална снежна површина ако неговата тежина е 450 N, а коефициентот на триење е 0,05?
1. Од аеродром полетале два авиона. Едниот има брзина од 200 m/s и на пат ќе се задржи 50 min, а другиот има брзина од 150 m/s и на пат ќе се задржи 1 h и 10 min. Кој од нив ќе прелета поголемо растојание?
2. Од два града, по автопат, едновремено тргнале два автобуси, еден наспроти друг. Првиот автобус вози со брзина од 40 m/s, а вториот со 20 m/s. Растојанието меѓу градовите е 120 km. После колку време и на кое растојание од градовите се сретнале автобусите?
3. Комбајн при жнеење зафаќа појас од 4 m. Колку km квадратни ќе ожнее комбајнот за 8 часа работа, ако средната брзина на неговото движење е 5,2 km/h?
4. Воз што се движи со средна брзина од 72 km/h растојанието меѓу две станици го минал за 25 min. За кое време, тоа растојание, ќе го мине воз што би се движел со средна брзина од 54 km/h?
5. Со колкаво забрзување треба да се движи автомобил, кој при тргнување од место треба да постигне брзина од 60 km/h, за време од 10 s?
6. Два мотоциклисти на тренинг тргнуваат од исто место, во еднаква насока. Вториот мотоциклист, задоцнил, на стартот 10 s. Двата се движат рамномерно забрзано со забрзување 0,8 m/секунди на квадрат. После колку време од стартот растојанието меѓу нив ќе биде 120 m?

0 коментари:
Post a Comment