Monday, December 10, 2012

Парадокси

На делот парадокси, имам поставено три нови парадокси. Одговорите на нив не се напишани со цел да се остави временска рамка сите оние што ќе ги прочитаат во делот за коментар да пробаат да го дадат нивниот одговор. Одговорите од моја страна ќе бидат поставени во сабота 15.12.2012 година до 20h. Пријатни моменти.


     Неправдија: Во земјата „Неправдија“ се суди на следниот начин: Судијата на обвинетиот му нуди избор од две ливчиња, од кои на едното пишува „живот“, а на другото „смрт“. Обвинетиот со вврзани очи избира едно од нив. Ако на избраното ливче пишува „живот“, тој е слободен, а во спротивен случај е осуден на смртна казна. Еден обвинет дознал дека судијата решил по секоја цена да го погуби, па затоа и на двете ливчиња кои ќе ги добие за избор ќе пишува „смрт“. Сепак обвинетиот не настрадал. Напротив, познавањето на намерата на судијата сигурно да го погуби му овозможува сигурно да се спаси. Како?

     Племе човекојадци: Едно племе човекојадци фатило еден истражувач. Нивниот поглавар му рекол: „Мораш да дадеш една осмислена изјава. Ако таа биде вистина ќе те испечеме и ќе те изедеме, а ако биде лажна ќе те свариме и ќе те изедеме“. Дало може истражувачот да се спаси?

     Берберот: Во едно село во кое има само еден бербер постои закон според кој берберот ги бричи сите оние кои не се бричат сами и не бричи никој друг. Кој го бричи берберот?

Размисли

0 коментари:

Post a Comment