Wednesday, October 30, 2013

Голем одмор - МРТ

Почитувани,

ООУ „ЈХК-Џинот“ од Велес на 28.10.2013 година беше гостин во емисијата Голем одмор на МРТ. Во емисијата зедоа учество ученици од сите одделенија при што беа решавани задачи од математиката, оригами изработки, модели по техничко образование, експерименти по биологија како и по физика и хемија.

По физика беше изведен еден експеримент, додека вториот беше по физика и хемија заедно.

Експериментот по физика е од областа електростатика. Целта беше да се покаже како секој од нас во домашни услови може да направи Електроскоп, како и да се покаже зошто служи елекстроскопот.

Другиот експеримент кој беше изведен заедно со предметот хемија имаше за цел да ни покаже кој се преносителите на електрична струја кај течностите и дали сите течности ја пренесуваат електричната струја (Електролиза).


0 коментари:

Post a Comment