Wednesday, October 30, 2013

Голем одмор - МРТ

Почитувани,

ООУ „ЈХК-Џинот“ од Велес на 28.10.2013 година беше гостин во емисијата Голем одмор на МРТ. Во емисијата зедоа учество ученици од сите одделенија при што беа решавани задачи од математиката, оригами изработки, модели по техничко образование, експерименти по биологија како и по физика и хемија.

По физика беше изведен еден експеримент, додека вториот беше по физика и хемија заедно.

Експериментот по физика е од областа електростатика. Целта беше да се покаже како секој од нас во домашни услови може да направи Електроскоп, како и да се покаже зошто служи елекстроскопот.

Другиот експеримент кој беше изведен заедно со предметот хемија имаше за цел да ни покаже кој се преносителите на електрична струја кај течностите и дали сите течности ја пренесуваат електричната струја (Електролиза).


Sunday, October 27, 2013

Фернандо Алонсо и Ферари

Здраво на сите. Ќе поставам нешто кое се однесува на Фернандо Алонсо и неговата голема желба да биде светски првак во Формула 1 со тимот на Ферари. Оние што се постари и се дружат со формула 1 од своите рани години биле дел од тоа, а сите останати имаат слушнато, прочитано или видено дека Фернандо беше светски првак во формула 1 во 2005 и 2006 година со тимот на Рено. Знаеме дека после секоја трка го слушаме тимското радио од разговорот помеѓу возачот и неговиот тим. Во овој пост ќе го ставам линкот од комплетната радио транскрипција на Рено Ф1 Тимот. Од неа ќе може да видите што е проблемот што Фернандо не може да дојде до Ф1 титулата со црвениот болид.

Обрнете внимание на следниот дел:
ALO: This was the last race with you guys. It was the final race, and we have won both championships again. Thank your for all these years, it has been a pleasure for me to work with you with this success, and I wish you the best for the future.
PS: We wish you the best too Fernando.
ALO: As long as the car is not red, I wish you the best!
RN: Don’t worry, we’ll never paint it red mate! Absolutely fantastic, it has been a brilliant year, a brilliant year mate, well done.

Во прилог комплетниот транскрипт: http://www.f1complete.com/content/view/2804/

Сите коментари и размислувања се добредојдени (All comments are welcomed).

Thursday, October 24, 2013

Проектна активност - Студија на случај

Проектната активност е реализирана во ООУ „ЈХК-Џинот“ Велес, од страна на предметниот наставник Игор Михајловски и ученици од соодветните одделенија. Целокупната активност може да се види од приложениот линк.


Секој коментар би бил добредојден.

Wednesday, October 23, 2013

Проектна активност - Рене Декарт

Проектната активност е реализирана во ООУ „ЈХК-Џинот“ Велес, од страна на предметниот наставник Игор Михајловски и ученици од соодветите одделенија. Целокупната активност може да се види од приложениот линк.

Проект за Рене Декарт

Секој коментар би бил добредојден.

Friday, October 4, 2013

Четири овци!

Си бил еден фармер и имал 4 овци. Еден ден забележал дека овците се така застанати што растојанието помеѓу секоја од нив е еднакво (Растојанието помеѓу кои и да било две овци е еднакво). Како е можно ова?

Одговорот е: „ТЕТРАЕДАР“.