Showing posts with label Формула 1. Show all posts
Showing posts with label Формула 1. Show all posts

Sunday, October 27, 2013

Фернандо Алонсо и Ферари

Здраво на сите. Ќе поставам нешто кое се однесува на Фернандо Алонсо и неговата голема желба да биде светски првак во Формула 1 со тимот на Ферари. Оние што се постари и се дружат со формула 1 од своите рани години биле дел од тоа, а сите останати имаат слушнато, прочитано или видено дека Фернандо беше светски првак во формула 1 во 2005 и 2006 година со тимот на Рено. Знаеме дека после секоја трка го слушаме тимското радио од разговорот помеѓу возачот и неговиот тим. Во овој пост ќе го ставам линкот од комплетната радио транскрипција на Рено Ф1 Тимот. Од неа ќе може да видите што е проблемот што Фернандо не може да дојде до Ф1 титулата со црвениот болид.

Обрнете внимание на следниот дел:
ALO: This was the last race with you guys. It was the final race, and we have won both championships again. Thank your for all these years, it has been a pleasure for me to work with you with this success, and I wish you the best for the future.
PS: We wish you the best too Fernando.
ALO: As long as the car is not red, I wish you the best!
RN: Don’t worry, we’ll never paint it red mate! Absolutely fantastic, it has been a brilliant year, a brilliant year mate, well done.

Во прилог комплетниот транскрипт: http://www.f1complete.com/content/view/2804/

Сите коментари и размислувања се добредојдени (All comments are welcomed).

Thursday, December 20, 2012

Претставувањето на Меклареновиот MP4-28

Мекларен ќе го претстави својот болид за 2013 година MP4-28 во Четврток на 31 Јануари 2013 година. Тимот беше трет на Шампионатот за конструктори и сигурно со нетрпение го очекува овој момент како и стартот на новата сезона со новото возачко дуо Батон и Перез. Лансирањето ќе биде во Британија, но не е потврдено точното место, асоцирајќи на тоа дека може и да не биде во Меклареновиот технолошки центар. Промовирањето на болидот ќе биде еден ден пред промовирањето на Форс Индија, кое ќе се одржи во базата во Силверстон.


Monday, December 10, 2012

Фетел и Раиконен против правилата

     Себастиан Фетел и Кими Раиконен ги прекршиле правилата во Турција на гала вечерта организирана од ФИА за доделување на наградите од светскиот Формула 1 шампионат.
      Себастиан Фетел за малку ќе закаснел на свечената церемонија поради доаѓањето без својот пасош. Морал да чека цел час на аеродром се до интервенцијата на Турската моторспорт федерација да биде пропуштен со заменет документ.
     Од друга страна Кими Раиконен кој изјави дека „за жал“ морал да присуствува на гала вечерта поради завршувањето на шампионатот на третото место целата ситуација ја зачинил со присуството во костим но без вратоврска. На сето тоа додал: „Јас не ги следам правилата, Јас ги правам правилата“.

Sebastian Vettel и Christian Horner
Kimi Raikonnen

Враќање на Адријан Сутил

Адриан Сутил е на пат да се врати во Ф1 наредната сезона преку седиште во Форс Индиа како партнер на Пол Ди Реста, по заминувањето на Хулкенберг во Заубер на крајот од оваа година. Оваа вест се очекува да биде потврдена во текот на наредната недела од страна на тимскиот шеф Виџеј Малиа.
Моменталниот резервен пилот на Форс Индиа е во игра, но на негова штета е неговото мало искуство.
Adrian Sutil

Sunday, December 9, 2012

Австриското ГП на врата

Во минатото позната како Österreichring од 1970 до 1987 година, покасно преработена и преименувана во A1-Ring од 1997 до 2003, за покасно да биде повторно преработена и преименувана во Red Bull Ring и отворена на 15 Мај 2011 година. Домаќин на ДТМ првенството во 2011 година и на Ф2 шампионатот во истата година. Од наредната година може да се врати во календарот на Формула 1 трки за 2013.
Red Bull Ring