Showing posts with label Натпревари. Show all posts
Showing posts with label Натпревари. Show all posts

Saturday, March 31, 2018

Регионален натпревар 2018!

На ден 31.03.2018 година (Сабота) во ООУ „Блаже Конески“ Велес, се реализираше Регионален натпревар по математика, каде што учество земаа и учениците од ООУ „ЈХК-Џинот’ Велес.
Ученикот Игор Ѓорѓиев од VII одделение под менторство на наставникот Игор Михајловски освои ПРВА награда. Честито и со среќа на ДРЖАВЕН.

Thursday, March 20, 2014

Натпревар Кенгур 2014

Денес, 20.03 2014 година во ООУ „ЈХК-Џинот“ Велес, се одржа меѓународниот математички натпревар Кенгур 2014. Натпреварот започна во 11 часот и се реализираше во две училници. Учествo земаа 39 ученици. Резултатите ќе бидат објавени на страната на сојузот на математичари на РМ, http://www.smm.org.mk/ (старата веб страна) и http://www.smm.com.mk/index.php (новата веб страна).


Sunday, March 10, 2013

Регионален натпревар по математика

      На 30.03.2013 година во ООУ „Васил Главинов“ Велес ќе се одржи регионалниот натпревар по математика со почеток во 09 часот и со времетраење од 120 минути (Велес, Свети Николе, Богомила, Градско, Лозово, Чашка).
     На Регионалниот натпревар учествуваат ученици од основното образование од IV до VIII одделение. Бројот на учесници е следен: Училиште кое има до 10 паралелки од IV до VIII одделение може да учествува со 8 натпреварувачи. Училиште кое има повеќе од 10, а не повеќе од 15 паралелки од IV до VIII одделение може да учествува со 12 натпреварувачи. Училиште со над 15 паралелки од IV до VIII одделение може да учествува со 14 натпреварувачи. Учениците кои минатата година имаат освоено награда автоматски се учесници на Регионалниот натпревар. Училиштето домаќин може да учествува со по еден натпреварувач повеќе во секое одделение.
     Пријавата за учество треба да се достави најдоцна 15 дена пред натпреварот до одговорниот наставник од училиштето домаќин.
     На натпреварот ќе бидат зададени 5 задачи со вкупен број на бодови 100. Изборот на задачи е следниот: 2 задачи од списанието НУМЕРУС во издание на СММ, од рубриките Конкурсни задачи и подготвителни задачи за натпревар; 3 задачи по избор на комисијата за задачи за натпревари во основното образование при СММ.

Со среќа на сите