Showing posts with label Трка На Шампиони. Show all posts
Showing posts with label Трка На Шампиони. Show all posts

Sunday, December 16, 2012

Светлина за Грожан

Роман Грожан е победник на „Трката На Шампионите“ за 2012 година. Во групното натпреварување имаше потешкотии но после тоа одеше по мазно совладувајќи го во чевртфиналето Себастијан Фетел, во полуфиналето Михаел Шумахер и во финалето со 2:0 Том Кристенсен. Ова е нешто што му требаше после не баш сјајната и проблематична формула 1 сезона.
После победата ја даде следната изјава:
     „Тоа е луд ден како што јас го нарекувам. Малку беше тешко во групите, но некако успеав да поминам понатаму. После морав да се соочам со Себастијан Фетел во четвртфиналето пред Михаел Шумахер во полуфиналето, двајцата германци  кои не победија вчера во финалето на националниот куп. После го имав финалето со Том. Ние имаме добра историја на ова натпреварување и се имав тркано со него порано па беше добро да се сретнам со него во финалето. Имав малку екстра среќа да бидам во правата кола во правото време.
     Беше тежок крај на формула 1 сезоната но конечно вчера се вратив на подиум и сега ова. Одлично е да се освои оваа победа пред да одам на одмор. Благодарам на сите во Тајланд бидејќи пречекот беше одличен“


Saturday, December 15, 2012

Шест по ред за Германија

Дуото на Германија Себастијан Фетел и Михаел Шумахер и ја донесоа шестата титула на Германија на Националниот куп на Трката На Шампионите во Тајланд. Во финалето беа подобри од францускиот пар Роман Грожан и Себастијан Ожиер. Во текот на целото натпреварување немаа изгубено ниту еден дуел. После победата Шумахер вети дека ќе бидат дел од натпреварувањето и наредната година со цел за седма титула по ред и подобрување на рекордот, изјавувајќи дека бројот седум му бил среќен број и ќе притиснат доста јако. Ова би требало да биде еден повик и апел, па дури и предизвик до сите големи имиња на мотоспортот да земат учество наредната година и да пробаат да им ги поматат сметките на Фетел и  Шумахер. Да се надеваме дека Алонсо и Ферари нема да покренат истрага заради жолто знаме со цел за поништување на резултатите.


Friday, December 14, 2012

Дојде Викендот на Шампионите

Конечно дојде викендот за „ТРКАТА НА ШАМПИОНИТЕ“.

     Утре, сабота на 15.12.2012 година ќе се одржи трката на шампионите со почеток во 14:00 часот и тоа со борба за националниот куп. Германија до сега има 5 титули во таа категорија и прашањето е дали ќе се наниже и шестата или таа ќе одите во рацете на друга нација.
     Во недела на 16.12.2012 година ќе се одржи трката на шампионите со почеток во истиот термин како и предходниот ден, во 14:00 часот и тоа со борба за поединечната титула.
     Преносот во живо ќе може да биде следен на MotorsTV.


Saturday, December 8, 2012

Трка На Шампиони

     Од 14 - 16 Декември ќе се одржи „ТРКАТА НА ШАМПИОНИТЕ“ во Bangkok, Thailand. За одлична забава и незаборавни моменти ќе се погрижат: Michael Schumaher, Sebastian Vettel, Ryan Hunter-Reay, Jamie Whincup, Mick Doohan, David Coulthard, Jorge Lorenco, Tom Kristensen, Andy Priaulx, Sebastien Ogier, Romain Grosjean, Benito Guerra, Narain Karthikeyan, Karun Chandhok, Han Han, Ho-Pin Tung.
     За време на забавата Sebastian Vettel ќе ги освежи сеќавањата на присутната публика и сите пред ТВ екраните на победничкиот болид на Red Bull Racing RB27.
Red Bull Racing RB7