Sunday, March 29, 2020

Дропки - Сложување

Со клик во долниот десен агол ви се појавува прозорец на кој може да изберете Цел екран (Full screen) и доколку сакате да ја посетите официјалната страна на PHET.COLORADO.

Дропки - Еднаквост

Со клик во долниот десен агол ви се појавува прозорец на кој може да изберете Цел екран (Full screen) и доколку сакате да ја посетите официјалната страна на PHET.COLORADO.

Дропки - Вовед

Со клик во долниот десен агол ви се појавува прозорец на кој може да изберете Цел екран (Full screen) и доколку сакате да ја посетите официјалната страна на PHET,COLORADO.

Saturday, March 31, 2018

Регионален натпревар 2018!

На ден 31.03.2018 година (Сабота) во ООУ „Блаже Конески“ Велес, се реализираше Регионален натпревар по математика, каде што учество земаа и учениците од ООУ „ЈХК-Џинот’ Велес.
Ученикот Игор Ѓорѓиев од VII одделение под менторство на наставникот Игор Михајловски освои ПРВА награда. Честито и со среќа на ДРЖАВЕН.

Thursday, February 5, 2015

Отворен час

На ден 31.01.2015 година (Петок), во ООУ „ЈХК-Џинот“, Велес беше одржан отворен час по предметот математика во VII одделение. Часот беше одржан како активност која стои во годишната програма, секој наставник од природно-математичката група на предмети да одржи еден отворен час во текот на учебната година. На часот присуствуваа директорката Фиданка Ивановска, Трајче Максимов - наставник по математика, Љубинка Чанева - наставник по биологија и Мирослав Велковски - наставник по географија. Во прилог дневната подготовка и што беше користено на часот.





Thursday, March 20, 2014

Натпревар Кенгур 2014

Денес, 20.03 2014 година во ООУ „ЈХК-Џинот“ Велес, се одржа меѓународниот математички натпревар Кенгур 2014. Натпреварот започна во 11 часот и се реализираше во две училници. Учествo земаа 39 ученици. Резултатите ќе бидат објавени на страната на сојузот на математичари на РМ, http://www.smm.org.mk/ (старата веб страна) и http://www.smm.com.mk/index.php (новата веб страна).


Monday, December 23, 2013

График На Функција

На следната симулација може да испитувате график на функција



На Цел Екран

Дропки - Мешани броеви

Со клик во долниот десен агол ви се појавува прозорец на кој може да изберете Цел екран (Full screen) и доколку сакате да ја посетите официјалната страна на PHET,COLORADO.

Математичка Вежбанка

Математичка вежбанка на која може да вежбате и да ги усовршувате множењето и делењето



На Цел Екран

Wednesday, November 6, 2013

Евидентни листови „Бланко“

Почитувани,

Во прилог Евидентните листови за I-III и IV-VI подготвени за пополнување во електронска форма. Само кликнете во делот каде што пишува „Кликни“ и внесете ги потребните податоци. Само пазете при првото принтање деловите за секој нареден период да бидат празни (Пример: При принтање за прво тримесечие во делот за прво полугодие и второ тримесечие да не стои „Кликни“). Користете МК поддршка.



Пријатна работа ...

Wednesday, October 30, 2013

Голем одмор - МРТ

Почитувани,

ООУ „ЈХК-Џинот“ од Велес на 28.10.2013 година беше гостин во емисијата Голем одмор на МРТ. Во емисијата зедоа учество ученици од сите одделенија при што беа решавани задачи од математиката, оригами изработки, модели по техничко образование, експерименти по биологија како и по физика и хемија.

По физика беше изведен еден експеримент, додека вториот беше по физика и хемија заедно.

Експериментот по физика е од областа електростатика. Целта беше да се покаже како секој од нас во домашни услови може да направи Електроскоп, како и да се покаже зошто служи елекстроскопот.

Другиот експеримент кој беше изведен заедно со предметот хемија имаше за цел да ни покаже кој се преносителите на електрична струја кај течностите и дали сите течности ја пренесуваат електричната струја (Електролиза).