Wednesday, February 27, 2013

Патронат - „ООУ ЈХК-Џинот“ Велес

ООУ „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес на 21.02.2013 година го прослави својот Патронен празник ...

Monday, February 18, 2013

За колку време?

Ако 6 момчиња пополнуваат 6 тетратки за 6 недели и 4 девојчиња пополнуваат 4 тетратки за 4 недели, колку тетратки ќе пополни одделение од 12 момчиња и 12 девојчиња за 12 недели?

Решение:
Ако 6 момчиња пополнуваат 6 тетратки за 6 недели,
12 момчиња пополнуваат 12 тетратки за 6 недели, 
тогаш 12 момчиња пополнуваат 24 тетратки за 12 недели;
Ако 4 девојчиња пополнуваат 4 тетратки за 4 недели,
12 девојчиња пополнуваат 12 тетратки за 4 недели,
тогаш 12 девојчиња пополнуваат 36 тетратки за 12 недели;
Од ова следува дека 12 девојчиња и 12 момчиња пополнуваат
24+36 = 60 тетратки за 12 недели.